|
|
|
Графички дизајнПрвата работа која луѓето ја забележуваат на вашите маркетинг материјали е вашето лого, и таа прва импресија е клучна за воспоставување на солидна основа за градење на бизнис врска. Дали вашето лого ја дава вистинската слика? Кога луѓето го гледаат, дали изгледаат импресионирани или помалку збунети? Гледајте ја повнимателно нивната реакција следниот пат, можеби ќе се изненадите.Кога го започнувате вашиот бизнис, можеби ќе изнајмите неискусен дизајнер да го изработи вашето лого, или можеби и ќе го изработите сами. Но, за да го направите следниот чекор напред потребно ви е професионално лого. Вие сте на врвот на вашата игра, и вашето лого треба да го презентира токму тоа. Затоа предадете ја работата на врвни професионалци!!! Професионално изработено лого е инвестиција во вашиот бизнис која ќе ви се враќа постојано и постојано со текот на годините. Вашето лого е многу повеќе отколку мала убава сликичка на вашата бизнис картичка. Тоа е графичка презентација на она што вашата компанија го работи. Треба да предизвика емоции релевантни на вашата компанија, независно дали станува збор за доверба, моќ, инвентивност или било која друга емоција. Вашето лого треба да го задржи вниманието на луѓето, да инспирира доверба и да го портретира она што вашата компанија го работи – и доколку ние го дизајнираме, тоа и ќе го прави токму тоа!!! Брошурите се предводник на сите ваши маркетинг напори: нивната намена не е само да ги информираат клиентите за производите или услугите што ги нудите, туку и да го потенцираат фактот дека вие нудите подобри решенија од вашата конкуренција. Креацијата на толку деликатна и важна алатка за вашиот бизнис мора да биде предадена во рацете на професионални дизајнери! Нашето искуство и нашите способности гарантираат дека вашата брошура ќе биде позиционирана рамо до рамо со брошурите на големите светски корпорации. Ние не сме лимитирани само на изработка на логоа и брошури, иако се токму тие од витално значење за вашиот бизнис. Ние изработуваме и каталози, бизнис картички, годишни извештаи и сличен медиумски материјал. Независно на квантитетот на различните решенија кои ги нудиме ниту на едноставноста или комплексноста на вашите барања, нашиот пристап кон вашите потреби е секогаш ист: работиме непосредно со вас и ја модифицираме нашата работа се додека вашите очекувања не се исполнат! Ние ги слушаме нашите клиенти и креираме солуции: брзи, атрактивни и логички дизајнирани брошури кои ќе ја рефлектираат вашата компанија и ќе помогнат во развојот на вашиот бизнис.
1. Стандарден пакет: 3-4 уникатни предлог-решенија на лого 2. Пакет Плус: 6-8 уникатни предлог-решенија на лого Процедура Ни го испраќате описот на вашата компанија, вашите желби и инструкции. За пет дена ќе добиете 3-5 логоа за избор. Три дена подоцна ќе примите три модификации на избраното лого. По вашето одобрување ќе добиете лого со висока резолуција во три различни формати. Цени 1. Стандарден пакет: 12.000 мкд 2. Пакет Плус: 21.000 мкд |


Услуги 

