|
|
|
Основни веб дизајн насокиПојавувањето на вашата веб страна е еден од најважните аспекти на вашиот успех. Вашиот производ или услуга буквално ќе биде проценета од изгледот на вашата веб страна.Сиромашен веб дизајн е една од водечките причини за пропаѓање на малите бизниси. Постојат илјадници домашни интернет-бизниси кои едвај преживуваат онлајн. Повеќето од нив прават многу малку пари или воопшто не донесуваат профит и завршуваат со затварањето на нивниот веб сајт. Најчеста причина за ваквиот крај е сиромашниот веб дизајн нессодветно поставен за да успешно ги продава нивните производи или услуги. Доколку сакате да успеете, морате да потрошите одредено време учејќи. Креирање на шаблониКога почнувате со дизајнирање на вашата веб страна, вашата цел треба да биде да креирате шаблон што ќе можете да го употребите на секоја страна од вашиот вебсајт. Тоа на целиот сајт ќе му даде ист изглед и исто чувство. Шаблон е, всушност скелет кој го содржи целиот дизајн на страната, логото, сликите, навигацијата и место за вашата содржина. Како и да е, тој нема да има никаква содржина, туку секој пат кога ќе креирате страна шаблонот ќе го сочувувате под различни име.Вашиот излогВашата главна страна е излог за вашиот бизнис и треба на вашиот посетител точно да му каже што нудите. Доколку посетителот не може да го пронајде вашиот производ или услуга, тој дефинитивно нема да потроши многу време барајќи го. Тој ќе продолжи на наредниот сајт и веројатно нема повеќе да се врати. Посетителите доаѓаат на вашиот сајт со одредена цел. Тие сакаат нешто што твојот сајт го нуди. Дајте им го тоа што го бараат и ќе бидете задоволни и вие и посетителот.Брендирањето игра голема улога во вашиот успех. Осигурете дека логото на вашата компанија и слоганот се поставени во горниот лев агол на секоја страна. Тоа нема само да им помогне на посетителите да го запомнат вашиот вебсајт, туку истотака на сите ваши страни ќе им даде ист изглед и чувство. Наместо да се обидувате да ги ставите сите ваши содржини на главната страна, размислете да креирате повеќе секции. Овие секции треба да содржат краток преглед на вашата информација со линк кон остатокот од содржината. Добро правило е „помалку е повеќе“. Со други зборови, направете ја вашата главна страна што е можно помала и вклучете ги најважните елементи во неа. НавигацијаКога почнувате со дизајнирање на вашиот сајт, имајте на ум дека вашиот посетител може да влезе на вашиот сајт на страна различна од главната. Осигурајте добри навигациони линкови на секоја страна. Поставете ги линковите заедно на врвот, на дното, на левата или десната страна на страната.Обидете се да го ограничите бројот на кликовите од било која страна до главната, на три до четири. ФонтовиЕден од најважните делови на веб страната е текстот. Начинит на кој го презентирате текстот на вашата веб страна ќе има големо влијание на вашиот успех.Кога го ставате текстот на вашата страна секогаш бидете доследни со фонтот. Со други зборови, не употребувајте различни фонтови на различни страни. Стандардни фонтови кои се употребуваат на интернет страните се Ариал или Вердана. Стандардна големина е 2. Ариал и Вердана се стандард бидејќи најлесно се читаат на компјутерскиот екран. Насловите, кои бараат поголем фонт, се малку различни. Популарен фонт за наслови е Георгиа, која изгледа многу убаво при поголеми фонтови. Позадина и боја на текстотБиди внимателен кога ја избираш позадината и бојата на текстот. Пополнета позадина прави потешкотии при читање на текстот и го одвлекува вниманието од текстот. Истотака, секогас биди доследен со темата на позадината на секоја страна од вашиот вебсајт.Избирајте ги боите внимателно, бидејќи тие го рефлектираат вашето расположение а на истиот начин ќе влијаат и на посетителот. Светлите бои, како жолтата или портокаловата, предизвикуваат чувство на радост и среќа. Боите како што се сината или виолетовата даваат поладен ефект. Темните бои, како црната или кафеавата имаат депресивен ефект. Добро правило е да употребувате бои во зависност од ефектот што сакате да го постигнете. Како и да е, секогаш е најдобро да имате бела позадина со црн текст. И пред се, да истакнам уште еднаш, поминете некое време учејќи. Не можам доволно да ја потенцирам важноста на ова. Можеби ќе трае малку подолго, меѓутоа на долгорочни патеки секогаш се исплатува. |


Веб статии 

