Get the Flash Player to see this player.
Flash Image Rotator Module by Joomlashack.
Web-design
Web-design
Web-design
This is a FREE module only from Joomlashack!
Image 5 Title

PDF Печати Е-пошта

Подготовка за пребарувачки машини

Значаен дел во развивањето на успешен вебсајт е привлекување на постојан доток на таргетиран сообраќај. Пребарувачки машини се вебсајтови кои што ги индексираат веб страните. Овие сајтови користат програми наречени “Spiders” и “Robots” кои континуирано ја прегледуваат глобалната мрежа во потрага по нови сајтови кои што ги индексираат.

Кога ќе ја посетите пребарувачката машина (Google, Yahoo…) и барате нешто конкретно, внесувате неколку зборови кои најдобро го опишуваат тоа што го барате. Овие зборови се познати како „клучни зборови“. Кога пребарувачката машина ги индексира вебсајтовите, ги скенира страните во потрага по тие „клучни зборови“.
Доколку вашиот вебсајт не биде ранкиран меѓу првите 10-20 резултати од претрагата на ваквите пребарувачки машини, вашите потенцијални клиенти нема да бидат во можност да ве пронајдат.
Кога ги дизајнирате вашите веб страни, морате секоја посебно да ја оптимизирате. Секоја страна треба да таргетира една тема и треба да биде оптимизирана со „клучни зборови“ кои најдобро ја опишуваат таа тема.
Оптимизирањето на вашата веб страна го содржи следното:
  • Селектирање на најрелевантни „клучни зборови“ за секоја страна;
  • Поставување на МЕТА „клучни зборови“ и описни тагови во главната секција на секоја страна;
  • Употреба на „клучните зборови“ во насловот на страната;
  • Употреба на „клучните зборови“ во АЛТ таговите на сликите;
  • Употреба ма „клучните зборови“ во заглавијата на страните;
  • Употреба на „клучните зборови“ за имиња на сликите;
  • Употреба на „клучните зборови“ во хиперлинковите;
  • Употреба на „клучните зборови“ во главниот текст;

Клучни зборови и фрази

„Клучен збор“ е збор кој најдобро ја опишува вашата веб страна. На пример, доколку вашата веб страна се фокусира на коњи, вашиот најдобар „клучен збор“ би бил „коњи“. Фраза се веќе два или три збора кои најдобро ја опишуваат вашата веб страна. Доколку вашата веб страна се фокусира на хранење на коњи, тогаш вашата „клучна фраза“ би била „храна за коњи“.
Кога ја оптимизирате вашата веб страна, треба да се концентрирате на само неколку клучни фрази за секоја страна. Избегнувајте клучни зборови или фрази составени само од еден збор бидејќи дефинитивно нема да бидете рангирани високо во претражувањето на машините за пребарување.
Кога започнувате со оптимизирање, секоја страна треба да биде оптимизирана за различна примарна клучна фраза. За високо рангирање на листата на пребарувачките машини потребно е селектирање на строго таргетирани, специфични за продуктот клучни фрази кои треба да бидат што е можно помалку генерализирани.
Вашиот прв чекор кон оптимизација на вашата веб страна би било симнување на добра мала алатка наречена Good Keywords http://www.goodkeywords.com. Ова е слободен софтвер кој ви овозможува кога ке напишете клучен збор тој да ви исфрли потоа цела листа на клучни фрази.
 

Веб дизајн

Клиент страна:
HTML, JavaScript, Flash

Сервер страна:
PHP (Drupal, Joomla и Plone CMS)

База на податоци:
MySQL

Ние разбираме дека нашиот успех зависи од нашите клиенти – поради тоа успехот на вашиот бизнис е нашен врвен приоритет. И каков и да е проектот, ќе работиме на него се додека клиентот не биде во потполност задоволен од понуденото решение.
Ви нудиме три пакети како за физички така и за правни лица, кои ќе ви овозможат најдобра презентација на интернет.

...читај повеќе

Графички дизајн

Лого дизајн пакети:
Стандарден пакет
- 4 оригинални лого дизајни
Плус пакет
- 6-8 оригинални лого дизајни

Процедура
Ќе ни испратите опис на вашата компанија, вашите желби и инструкции. За пет дена ќе примите 3-5 логоа за избор. За 5 дена ќе добиете три модификации од избраното лого. По вашето одобрение ќе добиете модификација со висока резолуција на избраното лого.

Цени
  • Стандарден пакет: 12.000 мкд
  • Плус пакет: 21.000 кмд

...читај повеќе