Get the Flash Player to see this player.
Flash Image Rotator Module by Joomlashack.
Web-design
Web-design
Web-design
This is a FREE module only from Joomlashack!
Image 5 Title

PDF Печати Е-пошта

Вашиот стратешки веб дизајн план

Денеска постојат милиони вебсајтови на интернет и секојдневно се додаваат уште илјадници. Конкуренцијата е голема и за да останете успешни морате секогаш да бидете еден чекор пред нив.

Иако дизајнирањето на професионална веб страна е важен дел од Вашиот стратешки план, тоа е сепак само прв чекор. Пред да го започнете актуелниот дизајн процес, морате првин да ја определите вашета целосна стратегија и согласно на нејзе и дизајнот на вашата веб страна. Постојат два основни избора:
  • Дизајнирање на мини веб страна што се фокусира на само еден производ или услуга, без содржини од друг вид.
  • Дизајнирање на содржинска веб страна која ги вклучува не само вашиот производ или услуга туку и дава информации кои би биле од интерес за вашата таргет група.
Иако двата вида на веб страни можат да бидат ефективни, вашиот успех зависи од дизајнот на вашата веб страна и од вашата маркетинг стратегија. Двете работи играат мошне голема улога.

Содржинска веб страна

Ваквите веб страни му нудат на посетителот статии, упатства, бесплатни е-книги и други содржини. Ваквиот тип на веб страни делуваат мошне стимулативно на нивните посетители и обично профитираат преку образување на истите.
На пример, веб страна фокусирана на одгледување на кучиња може да нуди основни упатства кои ќе им помогнат на нивните посетители во одгледување на нивните миленичиња. Тие упатства ги даваат сосема бесплатно. Основна цел на ваквите упатства е да ги образуваат посетителите и ги промовираат нивните производи. Кога на вашите посетители им нудите квалитетни информации кои учат и информираат, вие не само што ја здобивате нивната доверба, туку истотака го градите вашиот кредибилитет, што е од основно значење на интернетот.
Клучот на успехот во применувањето на оваа техника е да обезбедите содржини кои ги таргетираат вашите потенцијални клиенти.

Мини веб страни

Мини веб страните се разликуваат од содржинските страни по тоа што не нудат никаква дополнителна содржина. Тие, обично, содржат една или две страни и комплетно се фокусирани на еден производ или услуга. Независно каков тип на веб страна дизајнирате, секогаш имајте на ум дека вашата веб страна е директна рефлексија на Вас и на вашиот бизнис. Доколку вашата веб страна не изгледа професионално и пријатно за око на прв поглед, нејзиниот ефект ќе биде многу мал.
Од друга страна пак, можете да имате голема веб страна, добро дизајнирана и да имате понуда на квалитетни производи или услуга, но доколку е потребно предолго време да се отвори вашата страна, учинокот повторно ќе биде мал.
Зошто? Вашиот клиент нема да чека – тоа го чини пари. Доколку сте сериозни за вашиот интернет бизнис, дизајнирање на веб страна експлицитно за да ги продава вашите производи е суштински дел на вашиот успех. Се што е поставено на вашата веб страна има само една цел – да го предизвика вашиот посетител да преземе акција, односно да го купи вашиот производ или услуга.

Вашата стратегија

Пред да започнете со дизајнирање на вашата веб страна, морате да одлучите каков вид на одговор барате од вашите посетители. На пример, доколку продавате одреден производ, очигледниот одговор што би сакале да го добиете е купување на истиот. Доколку развивате содржинска веб страна, вашата основна цел би била за секоја страна од вашиот веб сајт да води кон страната на која се прават нарачки. Ова можете да го постигнете на повеќе начини:
  1. Прикажете слика од вашиот производ на вашата прва страна со краток опис и линк кој води до продажната страна.
  2. Креирајте „Продукт“ секција во навигационото мени на секоја страна со краток опис и линк до секој од вашите продукти.
  3. Пишувајте статии кои се фокусираат на истата тема како и вашите продукти. На крајпт на секоја статија, ставете информација за вашиот продукт.
  4. Пишувајте упатства кои ги таргетираат вашите потенцијални клиенти. На крајот на упатството ставете информација за вашиот продукт.

Независно каков тип на одговор очекувате, вашата веб страна мора експлицитно да биде направена за постигнување на вашата цел. Секој дел од вашата страна мора да биде стратегиски направена. Таа, истотака, мора да биде пријатна за око, добро организирана, лесна за навигација, лесно да се отвара и да биде оптимизирана за пребарувачките машини. Пред се, вашата веб страна треба да биде направена за вашите потенцијални клиенти. Обезбедете ги со информации кои им се потребни, континуирано спомнувајќи ги придобивките од вашиот производ и секако ќе следи награда.
 

Веб дизајн

Клиент страна:
HTML, JavaScript, Flash

Сервер страна:
PHP (Drupal, Joomla и Plone CMS)

База на податоци:
MySQL

Ние разбираме дека нашиот успех зависи од нашите клиенти – поради тоа успехот на вашиот бизнис е нашен врвен приоритет. И каков и да е проектот, ќе работиме на него се додека клиентот не биде во потполност задоволен од понуденото решение.
Ви нудиме три пакети како за физички така и за правни лица, кои ќе ви овозможат најдобра презентација на интернет.

...читај повеќе

Графички дизајн

Лого дизајн пакети:
Стандарден пакет
- 4 оригинални лого дизајни
Плус пакет
- 6-8 оригинални лого дизајни

Процедура
Ќе ни испратите опис на вашата компанија, вашите желби и инструкции. За пет дена ќе примите 3-5 логоа за избор. За 5 дена ќе добиете три модификации од избраното лого. По вашето одобрение ќе добиете модификација со висока резолуција на избраното лого.

Цени
  • Стандарден пакет: 12.000 мкд
  • Плус пакет: 21.000 кмд

...читај повеќе